Ignite Visibility ја прогласи Теодора Николовска за една од најхрабрите маркетинг лидери за 2020

- Advertisement -

Ignite Visibility е една од најголемите и најуспешни дигитални маркетинг агенции во Соединетите Американски Држави. Лоцирана во Сан Диего, Калифорнија, Ignite Visibility има скоро 100 вработени кои работат на најсовремените проекти во индустријата за дигитален маркетинг во САД.

Оваа година, тие организираа избор за најхрабри маркетинг лидери за 2020та, кои направиле значаен импакт во областа на дигиталниот маркетинг.

- Advertisement -

Во конкуренција од над 2000 апликации од различни земји, Теодора Николовска, основач и сопственик на компаниите Vrootok (дигитална маркетинг агенција) и Galeksia (првата компанија за сертифицирана и акредитирана едукација за дигитален маркетинг кај нас) се најде на листата на 57те најхрабри маркетери за 2020та година.

Еден од главните критериуми за добивање на ова признание беше успешноста на нов или веќе постоечки бизнис во услови на глобална пандемија. Сите избрани победници имаат направено значаен придонес кон заедницата, преку започнување или развивање на својот бизнис.

- Advertisement -

Теодора веќе 3 години е на чело на Vrootok, дигитална маркетинг агенција која работи со клиенти од САД и Европа. Оваа година, во февруари 2020та, таа одлучи да ја стартува и својата втора компанија – Galeksia, која е лидер на нашиот пазар и единствена компанија која овозможува едукација за дигитален маркетинг, со програми одобрени од Facebook, Google, IBM, Coca Cola и многу други светски имиња во областа на дигиталниот маркетинг.

Galeksia е партнер со Дигиталниот Маркетинг Институт од Ирска, а дополнително, сите ментори кои предаваат на Galeksia се сертифицирани од овој институт, со цел да се овозможи беспрекорен квалитет на наставата.

- Advertisement -

По завршувањето на една од петте програми на Galeksia, секој студент полага испит, по чие успешно положување се стекнува со светски признат сертификат кој на глобално ниво е одобрен од најголемите имиња во индустријата. Ова им ги отвара вратите на студентите не само кон компаниите во нашата држава, туку и кон компаниите во светот.

„Главната цел на Galeksia е што повеќе да го доближиме светското, неформално образование за дигитален маркетинг кон нашиот домашен пазар. Со тоа се надеваме дека ќе го подигнеме стандардот во едукацијата за дигитален маркетинг кај нас и ќе им помогнеме на нашите студенти да бидат чекор поблиску во градење на светска кариера која ќе им го отвори патот кон работата од соништата.

Се надевам дека оваа награда ќе мотивира многу млади да не се откажуваат од својот сон и напорно да работат кон остварување на своите цели.“ – вели Теодора

Иако Galeksia беше основана во период кога започна пандемијата за Covid-19 во нашата држава, брзиот раст на компанијата и големиот број на задоволните студенти, ја донесе Galeksia до ова признание од Ignite Visibility на светски рамки, како позитивен пример за претприемништво во време на пандемија.

По само 7 месеци од основањето, Galeksia веќе ја полни 5тата група на студенти кои ќе се стекнат со светски признат сертификат од областа на дигиталниот маркетинг.

Сподели!
- Advertisement -