Најголемата фарма на кров во Азија произведува 20 тони храна годишно

- Advertisement -

Органското урбано земјоделство, обновливата енергија и убавите пејзажи одат рака под рака на фармата Thammasat University Rooftop Farm (TURF), најголемата органска фарма на кров во Азија со површина од околу 22.000 квадратни метри. Архитектонската компанија LANDPROCESS од Бангкок го дизајнирала изгледот на фармата за да одговара со урбанизацијата на главниот град на Тајланд и да го задоволи недостигот од храна и вода. Опремена со соларни панели кои произведуваат до 500.000 вати на час и системи за собирање на дождовна вода која потоа се користи за иригација. TURF одгледува повеќе од 40 видови житарки, зеленчуци и овошки.

Фармата се наоѓа во Бовон Нивет, а цик-цак дизајнот прави убав спој на терасите со ориз и модерната технологија за зелени покриви, инспирирано од традиционалните земјоделски практики во Југоисточна Азија. Каскадните тераси не само што помагаат да се организираат деловите со различни посеви, но исто така се дизајнирани да ја апсорбираат, да ја филтрираат и да го забавуваат течењето на дождовната вода за 20 пати поефективно отколку конвенционалните бетонски кровови. Дождовната вода се собира на дното на фармата во четири колектори, кои собираат вкупно 11 милиони литри вода.

- Advertisement -

TURF може да обезбеди до 80.000 оброци, односно 20 тони органска храна годишно за 40.000 жители на кампусот. Кантината на кампусот го собира отпадот од храна и го компостира во ѓубриво за урбаната фарма. TURF нуди и едукација за студентите и организира работилници за одржливо земјоделство за студентите и за околната заедница. Во пејзажот се вградени и простори за социјализација, од интимни области за седење до амфитеатри со пристап до салите на вториот кат на зградата.

TURF е реалистично решение кое жителите на урбаните средини ги враќа во контакт со земјоделството. TURF нуди и лекции по тајландско земјоделство и идните лидери се обучуваат да се адаптираат на климатските предизвици со изградба на одржливи градови“, велат креаторите на проектот.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -