Рудник САСА ги презема сите мерки за сигурност и заштита на животната средина

- Advertisement -

Рудникот САСА итно започнасо санација на последиците од  краткотрајно истекување на јаловишен материјал во локалниот речен тек, што се случи на што на 14.09.2020 и кое во краток рок беше запрено.

Во договор со надлежните институции на локално и државно ниво и по добивањето неопходните одобренија, во најкраток можен рок Рудник САСА ќе започне со чистење на речното корито. Во првата фаза од чистењето ќе бидат опфатени приоритетните зони посочени од надлежните институции, а во втората фаза ќе се пристапи и кон чистење на преостанатиот дел од речното корито за што компанијата подготвува план и соодветна документација. Целата операција ќе се одвива во соработка и координација со локалната заедница и општината Македонска Каменица.

- Advertisement -

Дополнително, рудник САСА ќе изврши темелна анализа, врз основа на што компанијата ќе ги преземе сите неопходни дополнителни активности кои треба да обезбедат долгорочна заштита на животната средина, биодиверзитетот и здравјето на луѓето.

Паралелно со ова, Рудникот САСА, раководејќи се според најдобрите достапни светски технологии и стандарди во оваа област, ќе ги направи сите потребни инженерски прилагодувања со цел да се осигури дека вакво нешто нема да се повтори. За таа цел веќе се ангажирани и глобалните консултанти од компанијата „Најт Пиезолд“ кои исто така ќе помогнат во овој процес.

- Advertisement -

Во реализација на сите овие мерки и активности, Рудникот САСА и понатаму интензивно ќе соработува со сите надлежни институции на локално и државно ниво, како и со претставници од академската, научната заедница и граѓанскиот сектор, со цел да се обезбеди натамошен одржлив развој на рудникот во согласност со највисоките стандарди.

Сподели!
- Advertisement -