Apple го заврши својот најамбициозен проект досега – продавница која плови на вода

- Advertisement -

Од Apple велат дека Apple Marina Bay Sands, продавницата која плови на вода, е нивниот најамбициозен проект досега. Продавницата која се наоѓа во Сингапур нуди неверојатен панорамски поглед на заливот и до неа се доаѓа преку подводен влез.

Дизајнот на Apple Marina Bay Sands e инспириран од Пантеон, а го создаде компанијата која е долгогодишен соработник на Apple, Foster + Partners. Градбата е поставена на постоечки павилјон во водата каде што претходно имало продавница на Louis Vuitton и е дел од комплексот Moshe Safdie’s Marina Bay Sands.

- Advertisement -

Продавницата е опкружена со дрвја, кои се внимателно поставени за да создаваат пријатна светлина. Навечер градбата свети како фенер и структурно изгледа многу интересно.

„Целосно опколена со вода, Apple Marina Bay Sands нуди 360 степени панорамски поглед на градот и на небото. Сферата е прва продавница од овој тип, целосно стаклена топка која е направена од 114 парчиња стакло и 10 вертикални метални шипки помеѓу стаклото за поцврста конструкција. Ова е наша трета локација во Сингапур која нуди незаборавно искуство за купувачите“ велат од Apple.

- Advertisement -

Внатрешниот декор ќе биде сличен на другите продавници на Apple со многу стакло, дрво и камен. Сепак, има нешто што ќе биде поинакво кај оваа продавница – делот наречен Boardroom е лоциран директно под вода и сопственици на бизниси ќе можат да го посетат и да побараат совет за користење на софтверот на Apple.

Освен тоа, иако до градбата ќе може да се дојде преку стандардна патека од брегот, подводен тунел исто така ќе ја поврзува продавницата со блискиот трговски центар.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: Apple, screenshot)

Сподели!
- Advertisement -