Дански епидемиолог тврди дека Швеѓаните веќе достигнале групен имунитет и за нив пандемијата можеби завршила

- Advertisement -

Еден од најистакнатите дански епидемиолози смета дека Шведска е на прагот на стопирање на епидемијата затоа што постигнала доволно високо ниво на имунитет на стадото за КОВИД-19 меѓу својата популација. Иако во земјата нема класични 60%, Ким Снепен, професор по биокомплексност на Институтот Нилс Борс во Копенхаген, смета дека е доволно за да се стопира новиот бран на пандемијата.

Постојат индиции дека Швеѓаните достигнале имунитет на таа болест, кој заедно со епидемиолошките мерки кои се на сила таму е доволен за да се стопира нејзиното ширење, истакна Снепен за данскиот весник „Politiken“.

- Advertisement -

Шведска има просек од 23 случаи на новозаразени на 1 милион жители во последната недела, додека, на пример, Данска има 61 случај на новозаразени на 1 милион жители и тие бројки се полоши отколку во април годинава.

Снепен признава и дека Шведска претрпела значително повисока стапка на смртност од КОВИД-19, односно речиси 5.900 починати, во однос на 635 во Данска. Тоа е цената која ја платиле. Гледано од позитивната страна, тие можеби се готови со епидемијата, вели Снепен.

- Advertisement -

Претходно објавената студија на професорот Том Бритон од Универзитетот во Стокхолм проценила дека целосниот имунитет на стадото може да се постигне и со 43% од популацијата која развила имунитет на заразата, што е значително помалку од класичните 60 до 70% кои ги признаа епидемиолошката струка. Веќе само 20% прави поголема разлика затоа што оние кои биле заразени на почетокот на епидемијата биле најранливи на новиот корона вирус и најмногу социјално активни, смета Бритон.

Се повеќе докази сугерираат дека Агенцијата за јавно здравство во Шведска можеби била во право при изборот на стратегијата за контролиран развој на колективен имунитет, вели Сорен Рис Палудан, професор по биомедицина на Универзитетот Архус.

- Advertisement -

Може да се дискутира дали го избрале правилното решение или не, но и дека биле слабо подготвени за таа стратегија во почетокот и дека не можеле да си ги заштитат најранливите групи, додава Рис Палудан.

Шведската стратегија за создавање колективен имунитет, која досега резултираше со повеќе од 88.000 заразени и бројките полека се намалуваат уште од јуни наваму, ја критикуваа многумина – од медицински експерти преку политичари до активисти.

Данска, пак, има речиси 29.000 случаи на зараза, но се наоѓа среде нов бран, а данскот епидемиолог Кере Молбак предупредува дека таа земја всушност уште се наоѓа во првиот бран од заразата затоа што пролетоска не стигнал доволно да се развие со оглед на тоа дека целата земја тогаш влезе во хибернација.

Сепак, не може да се отфрли ризикот од нови жаришта во Шведска, предупредуваат други епидемиолози. Мислам дека не може уште сега да се отфрли дека Шведска нема да има пораст на бројот на новозаразени како во Данска, смета Алан Рандруп Томсен, професор по вирологија на Универзитетот во Архус.

Гледано на ниво на Европа, бројките во Шведска не се ни малку добри и таа земја има петта највисока стапка на смртност од КОВИД-19 во Европа. Сепак, бројот на новозаразени е во постојан пад уште од јуни и моментално на респиратори се наоѓаат само десетина пациенти.

Истовремено, други европски земји кои беа во целосен карантин ги надминаа тие страшни бројки на новозаразени од прлетоска, а сето тоа носи и нови последици врз опоравувањето на земјите.

(Sputnik, Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -