Најбогатите луѓе испуштаат повеќе јаглерод диоксид отколку половина од светската популација

- Advertisement -

Најбогатите 1% од популацијата во светот испуштаат повеќе од дупло јаглерод диоксид отколку сиромашната половина од светската популација, покажа истражувањето на британската непрофитна организација Oxfam. Извештајот се фокусира на податоци во периодот од 1990 до 2015 година, кога емисијата на штетни гасови во светот се дуплирала, напоменуваат од Oxfam.

Резултатите покажуваат дека во тој период најбогатите 10% од светската популација- околу 630 милиони луѓе- биле одговорни за 52% од емисијата на стакленички гасови. Најбогатите 1% – околу 63 милиони луѓе – емитувале околу 15% од јаглерод диоксидот, а сиромашната половина од светската популација само 7%.

- Advertisement -

Катастрофалните последици од климатската криза веќе се чувствуваат во многу делови од светот поради економскиот систем кој се потпира на консумеризам и непрекината работа и го дели светот на економски добитници и губитници, предупредуваат од Oxfam. Сиромашните ја плаќаат цената за потрошувачката на богатото малцинство, додаваат оттаму.

Во Германија богатите 10%, односно 8,3 милиони луѓе, сносат одговорност за 26% од емисијата на штетни стакленички гасови емитувани во периодот од 1990 до 2015 година. Сиромашната половина од населението е пет пати побројна – 41,5 милиони граѓани – а нејзиниот удел во емисијата на штетни гасови е 29%.

- Advertisement -

Клучно подрачје за фаќање во костец со климатските промени е сообраќајот, особено воздушниот. Oxfam остро ги критикуваше и спортските теренски автомобили, кои според нив, се на второ место на скалата со водечките генератори на емисија на штетни гасови во периодот од 2010 до 2018 година.

Мора заедно да ја решаваме кризата со климата и нееднаквоста, заклучуваат од Oxfam. На богатите треба да им се ограничи емисијата на стакленичките гасови, треба повеќе да се инвестира во јавна инфраструктура и во реструктурирање на стопанството за да се постигне повисок степен на климатска правда, сметаат од Oxfam.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -