Јапонскиот џиновски робот Gundam е како излезен од анимираните цртани филмови

- Advertisement -

Исклучително висок хуманоиден робот направен по примерот на јапонската анимирана серија од 70-тите години Mobile Suit Gundam ги покажа своите вештини во јапонскиот град Јокохама. Роботот одеше, клечеше и правеше гестови, а сето тоа е снимено.

Производството на Gundam почнало во 2014 година, а висок е 18 метри и тежок дури 24 тони. Се состои од 200 делови направени од мешавина од метал и пластика, зајакнати со карбонски влакна.

- Advertisement -

Како што пишува CNN, сите заинтересирани ќе можат да бидат во близина на роботот и детално да се информираат за тоа како е направен. Било планирано посетите за јавноста да бидат можни уште од октомври годинава, но веројатно тоа ќе се пролонгира поради пандемијата на корона вирусот.

Mobile Suit Gundam е еден од анимираните цртани филмови кои во Јапонија почнаа да се прават уште во 20-тиот век. Заслугите за развојот на овој вид анимирани филмови одат кај Отен Шимокава. Нивното креирање било доста скапо и останаа во сенката на успехот на цртаните филмови на Disney.

- Advertisement -

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -