Шведска сега размислува за затворање на училиштата и воведување мерки за ограничување

- Advertisement -


Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека сега во борбата со корона вирусот е спремен да препорача мерки на заклучување, односно затворање на училиштата или ограничување на поголемите собири, се додека тие се однесуваат само на локално ниво и на период не подолг од три недели.

Новиот став на шведската Агенција за јавбно здравство за локалниот карантин по прв пат е претставен од почетокот на пандемијата досега. „Размислуваме за прилично кратко ограничување. За стопирање на ширењето на заразата се потребни најмногу 2-3 недели. Уште го разгледуваме концептот, но тоа би изгледало така некако“ вели Тегнел.

- Advertisement -

Шведска во мај годинава имаше највисока стапка на заразеност од сите држави во Европа, но затоа денес е меѓу земјите кои имаат најмали бројки во Европа. Тамошната агенција за јавно здравство сега се надева дека со брзо сузбивање на локалните жаришта ќе успее да ја задржи ниската стапка на заразеност.

„Рестрикциите би биле исклучиво локални. На пример, би се однесувале на одреден деловен простор или на градски квартови. Каде што ќе забележиме ширење на заразата за кое веруваме дека може да се стопира со строги мерки“ ијзави главниот шведски епидемиолог.

- Advertisement -

Агенцијата досега беше скептична во издавањето препораки заштитни маски да се носат во јавност, но Тегнел сега ја гледа нивната потенцијална улога во контролата на евентуалните локални жаришта.

Пред неколку дена властите во Стокхолм предупредија дека во градот се појавуваат загрижувачки занци за ширење на заразата и дека се во преговори со Агенцијата за воведување на локални мерки, кои, на пример, ви вклучувале наметнување на карантин за семејствата во кои е заразен еден член. Актуелна препорака за луѓето кои живеат со некој што е позитивен е да одат на училиште или да работат нормално.

- Advertisement -

(Bizlife)

(foto: Pxhere )

Сподели!
- Advertisement -