Узбекистан ги наградува жителите кои секојдневно прават 10.000 чекори

- Advertisement -

На Узбекистанците кои секојдневно во текот на годината прават по 10.000 чекори властите ќе им овозможат бесплатно користење на теретани во сопственост на државата и ќе добијат 50% попуст на сличните услуги кои ги нуди владата, се вели во нацрт документот објавен пред два дена.

Целта на таквата одлука е промовирање на здравиот начин на живот, а нацрт-документот содржи и одредби како воведување денови без автомобили и поставување справи за вежбање во градските паркови и азиските држави со 34 милиони луѓе.

- Advertisement -

Властите се надеваат дека нивните напори ќе придонесат за заштита на населението од болести како КОВИД-19, иако и досега кај Узбекистанците има евидентирано помалку случаи отколку во многу други држави. Досега таму се забележани 53.000 случаи на заразени со корона вирус и 444 смртни случаи. Поради сузбивање на ширењето на оваа заразна болест, досега беа воведени два карантини.

Владината програма наречена „Да ја надвладееме пандемијата со спортување!“ ја поттикнува промоцијата на спортови како брзо одење, трчање, возење со велосипед, мал фудбал, бадминтон, одбојка и улична кошарка.

- Advertisement -

(Poslovni.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -