10.3 C
Skopje
недела, октомври 25, 2020

Меѓународната вселенска станица избегна судир со непознат вселенски отпад

Kabtel desktop

Меѓународната вселенска станица успешно избеган судир со непознат вселенски отпад. Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека вселенскиот отпад бил забележан во близина на станицата и поради тоа бил изведен маневар за избегнување. Сепак, како што велат од НАСА, членовите од екипажот не биле во опасност.

Проблемот со вселенскиот отпад станува се посериозен, а Меѓународната вселенска станица во текот на оваа година избегна три судири. Во вселената е вистинска гужва затоа што се работи на неколку огромни констелации од сателити. Од НАСА се загрижени поради вселенскиот отпад во ниската орбита на Земјата.

За маневарот било искористено леталото Progress, кое е споено со станицата. Во текот на маневрирањето екипажот бил во рускиот дел, во близина на патничкото летало Soyuz. Откако бил изведен маневарот, кој траел 150 секунди, екипажот се вратил на своите вообичаени активности.

Уште не е познато за каков вселенски отпад станувало збор, а контролорите на НАСА на мисијата во Хјустон го следеле со помош на Американската вселенска команда. Во даден момент отпадот бил оддалечен 1,39 км од станицата.

Вселенската станица неколку пати во минатото била погодена од мал вселенски отпад, а маневар на избегнување изведе и во 2015 година. Тогаш отпадот беше дел од ракетата Минотаур, лансирана две години претходно. Тогаш исто така се користено леталото Progress за да се изведе маневарот.

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •