Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата недела.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,355 ден/кг и ќе изнесува 25,666 ден/кг.
Од 29.9.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,666 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување кај бензинот за 1,89 %, на дизелот за 0,718%, на екстра лесното масло за 0,349 %, додека кај мазутот има зголемување за 0,858% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,009%.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се зголемуваат во просек за 0,28%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.9.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 21.9.2020), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
Северна Македонија | 0,804 | 0,982 |
Австрија | 1,015 | 1,065 |
Бугарија | 0,928 | 0,923 |
Хрватска | 1,109 | 1,210 |
Германија | 1,050 | 1,289 |
Грција | 1,136 | 1,423 |
Италија | 1,267 | 1,389 |
Унгарија | 0,991 | 1,022 |
Словенија | 0,999 | 1,003 |