„Катар ервејс“ ќе продолжи да лета од Доха кон Скопје од март 2021

- Advertisement -

Наместо со почетокот на зимската сезона на летање кон крајот на октомври годинава, авиокомпанијата „Катар ервејс“ ќе продолжи да ги одржува летовите од Скопје за Доха од крајот на март 2021 година. На веб-страницата на „Катар ервејс“ можат да се набават летови за зимскиот период меѓу Скопје и Доха, но само со трансфер преку аеродромите во Истанбул, Загреб или Виена.

„Катар ервејс“ ги прекина своите летови од Доха кон Меѓународниот аеродром Скопје со почетокот на корона кризата во март годинава. Македонската влада ги отвори двата аеродрома на 1 јули, но побарувачката за летање на странските граѓани кон земјава и на нашите сограѓани кон странство е драстично опадната. Поради ова, „Катар ервејс“ се одлучи зимава да ги укине летовите и кон Сараево, додека кон останатите дестинации на Балканот е намалена фреквенцијата на летови на неделно ниво.

- Advertisement -

„Катар ервејс“ е една од авиокомпаниите кои по затворањето на македонските аеродроми во март годинава привремено ги укина летовите кон Скопје и Охрид. Во моментов, од Меѓународниот аеродром Скопје не сообраќаат ниту летовите на „ФлајДубаи“, „Ејџијан ерлајнс“ и „ЛОТ“, а дополнителни кратења на дестинациите до кои ќе се лета и на фреквенциите на летање од двата аеродрома најавија и од „Еделвајс“ и „Визер“ за претстојната зимска сезона на летање.

Сподели!
- Advertisement -