Како одговор на пандемската криза на COVID-19 и нејзините ефекти врз формалниот и неформалниот сектор, Иницијативата за Економски Развој на Ромите (РЕДИ) во соработка со Swiss Entrepreneurship Program, Startup Macedonia, Business Impact Lab, E-commerce Macedonia, E-commerce Serbia и Spheric Accelerator Romania успешно ја реализираше првата е-акцелераторска програма „Roma Digital Boost“.
Главна цел на програмата беше пренесување на знаење и вештини на 60 бизниси раководени од Роми за нивна трансформација од традиционален бизнис во дигитален бизнис.
Преку Roma Digital Boost програмата 60 бизниси раководени од Роми од Романија, Македонија и Србија успешно поминаа низ онлајн модули за Бизнис моделирање и дигитална транформација, Импакт и менаџирање, Маркетинг, Е- трговија и Презентирање на бизнис идеја.
Сите сесии беа спроведени онлај преку Zoom од страна на експерти на Business Impact Lab со симултан превод за секоја земја и поставени на YouTube каналот на REDI.
Доделени 28 награди со вкупен износ од 25 000 Евра:
E-акцелераторската програма беше дизајнирана да обезбеди и финансиска поддршка во форма на парична награда, менторство еден на еден, поддршка за туторство и решенија за е-трговија на најперспективните воспоставени дигитални бизниси.
28 финалисти ги презентираа своите бизнис модели онлајн пред експерти кои учествуваа во жири комисијата. Победниците беа избрани по денот на презентирање на своите бизнис идеи и објавени на Гала настанот што се одржа во живо на интернет на англиски јазик.
Победници на програмата:
Ви ги претставуваме трите побденички кои освоија прво место (по 5000 Евра награден пакет за секој поединечно) во секоја од државите.
Фериде Бекири е победничката на Р. Северна Македонија која освои 5000 Евра награден пакет (грант и индивидуално менторство). Фериде е жена Ромка претприемач со над 25 годишно искуство во трговија со облека. Таа има деловен бизнис со трговија кој за време на Ковид кризата беше затворен. Фериде за време на Ковид премина на онлајн продажба и успеа да го зголеми обемот на продажба и приход.
Во моментов, таа го води својот бизнис преку Интернет и со искуство, знаење и
поддршка од програмата ROMA DIGITAL BOOST, нејзиниот бизнис има потенцијал да прерасне во поголема компанија.
Освен трите победнички на по 5000 евра награден пакет, останатите 25 финалисти добија различен сет на пакет услуги за развој на своите бизнис модели. Програмата продолжува со индивидуално менторирање до крајот на годината.
Вкупниот износ на награди доделени за оваа програма е 25 000 евра. Програмата е финансирана од Фондот на Отворено Општество COVID Pooled Фонд.