10 C
Skopje
понеделник, октомври 26, 2020

Сеавус Акцелераторот го отвора третиот повик за менторска и финансиска подршка на македонски стартапи!

Kabtel desktop

Интервју со Ангела Митриновска од Сеавус Акцелераторот кoj го отвора третиот повик, по две успешно завршени акецелераторски програми. Таа ни раскажува за досегашното искуствато и клучните партнерства кои ја прават оваа програма посебна.

Сеавус Акцелераторот како што веќе знаете е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, а на наше големо задовоство од минатата година започнавме соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE) и Startup Wise Guys кои се водечки Б2Б акцелератор во Европа.

Оваа соработка значително влиjаеше во подобрувањето на методологијата на работење на нашиот акцелератор со превземање на добрите практики од таков акцелератор со долгогодишно искуство и секако со проширувањето на менторската листа која се вклучи во работењето со нашите стартапи.

Позади нас имаме две успешно завршени програми од кои последната ја реализиравме во соработка со EFSE и SWG. Пред почетокот сме на нова програма за која е отворен повикот до 8ми октомври.

Што добиваат македонските стартапи со влегување во една ваква акцелераторска програма?

Стартапите поминуваат низ интензивна три-месечна програма која се состои од неколку сегменти:

  • 8-неделна програма од страна на Startup Wise Guys (SWG) којашто се реализира на нивната онлајн платформа. Платформата содржи видеа, презентации и дополнителни материјали за соодветните модули кои им се на располагање на стартапите и секако неделни домашни задачи, како и индивидуални средби со менторите од мрежата на SWG;
  • Q&A сесии со интернационални ментори на теми: Customer and product development; Investors and investors relationship; Sales and sales processes; Company basics and planning;
  • Speed mentoring сесии со 16 ментори обезбедени од SWG и Сеавус Акцелераторот и;
  • 3-дневен Booth camp искреиран од SWG за сите учесници.

Дополнително, од страна на Сеавус Акцелераторот стартапите добиваат:

  • 10 неделна модулска програма каде се обработуваат сите потребни теми кои се битни во процесот на градење на стартап и од две до четири индивидуални средби со секој од нашите ментори.
  • Неделни групни сесии во кои претприемачите споделуваат свои искуства и знаења со останатите и дополнително вклучуваме гости експери на теми за кои се укажува потреба.
  • Неделни средби со тимот на Сеавус Акцелераторот на кои се проверува моменталниот статус на стартапот, главните предизници и цели во неделата и секако проверка на неделните таргети кои биле поставени.

Ова значи дека секој стартап при влезот си поставува цели, а со наша помош истите има одговорност да ги постигне.

  • Подготовка за презентација пред инвестициски одбор со која започнуваме на самиот старт, се со цел да се задоволат сите критериуми и да се покажат во најдобро светло.

И секако, како и секоја година, нашите драги подржувачи од SwissEP даваат дополнителна вредност на програмата со вклучување на нивните ментори во нашите програми.

Ова значи дека нашата програма обезбедува околу 80 часа подршка за секој стартап посебно што не носи до бројка од 500 до 800 часа подршка во зависност од бројот на стартапи кои учествуваат во нашата програма.

По завршување на програмата на официјалниот Демо ден стартапите имаат презентирација на срабоеното пред инвестицискиот одбор и со тоа добиваат можност за инвестиција од најмалку 30.000 евра.

Кои критериуми би  требало да ги исполнат стартапите за влез во акцелераторската програма?

Глевни критериуми за влез во пеограмата се  потенцијалот на продуктот и квалитетот на тимот кој го развива истиот. Многу е важно за нас тимовите кои влегуваат во оваа програма да бидат целосно фокусирани на развој на својот стартап.
Останати критериуми се: компанијата да е регистрирана во Македонија, нејзиниот основач да има македоснко државјанство; пожелно е стартапите да имаат најмалку двајца ко-основачи, производот да е во фаза на развој или веќе готов и треба да се постави на пазарот или прошири на нови пазари.  Како што веќе знаете, се фокусираме на технолошко ориентирани компании затоа што сметаме дека со оглед на нашето искуство и контакти во Сеавус, ним можеме најмногу да им помогнеме.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •