Кинеска компанија го напушта Волстрит поради засилените контроли за кинески компании во САД

- Advertisement -

Кинеската интернет медиумска куќа Sina Corporation после 20 години на Волстрит ја напушта американската берза, а како причина ја наведува засилената контрoла на САД над кинеските технолошки компании.

Извршниот директор на компанијата со седиште во Пекинг, Чарлс Чао, приватно ја презема Sina Corp., а според договорот, ја проценил на 2,6 милијарди долари. До овие промени доаѓа во период кога растат тензиите меѓу САД и Кина, изминатите седмици имаше судири поради американските закани и ограничувањата за кинеските технолошки компании кои имаат апликации како TikTok и WeChat.

- Advertisement -

На Волстрит во последно време кинеските компании се соочуваат со се поголем надзор, пишува CNN. Откако се откриени некои сметководствени измами, американските законодавци, владините агенции и берзите преземаат чекори насочени кон ограничување на прстапот на Пекинг до огромниот пазари на капитал на САД.

(Klix)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -