Подгответе се: Наскоро 11-ти Регионален онлајн саем за вработување

- Advertisement -

Ако сте во потрага по вашата прва работа или ново работно место, искористете ја шансата што ви се нуди на најголемиот Регионален саем за вработување кој од 7. до 14. октомври ќе се случува целосно онлајн!

Оваа година, единаесетти пат по ред, најпрестижните компании од регионот ќе се соберат на едно место и ќе тргнат во потрага по нови вработени. Се прашувате каде?

- Advertisement -

На најголемиот онлајн Регионален саем за вработување кој од 7. до 14. октомври ќе можете да го посетите од било кое место на планетава со клик на веб страната: http://www.regionalensaemzavrabotuvanje.com/

Организатори на саемот се водечките портали за вработување во регионот: Vrabotuvanje.com од Македонија, MojPosao од Хрватска, Poslovi.Infostud од Србија и MojPosao.ba од Босна и Херцеговина. Посебна новина е тоа што од годинава се приклучи и словенечкиот портал Deloglasnik.si, и тоа е уште една причина зошто овој настан со право ја носи титулата најголем онлајн саем за вработување на Балканот.

- Advertisement -

Дваесетина компании од Македонија и 70 од регионот ќе тргнат во потрага по нови вработени, додека вкупниот бројот на отворени позиции и оваа година се очекува да надмине 500.

Дел од компаниите со кои ќе имате можност да се запознаете се: Македонски Телеком, НЛБ Банка, Кроација Осигурување, Киел, А1 Македонија, Data Masters, Teleperformance, Magna, Аптив, Алкалоид, Spar Hrvatska, Breon, Костал, Лакталис, Маркарт, ЕСИ, Vipper.com, LOKA и, секако, организаторот Vrabotuvanje.com.

- Advertisement -

Сега е време за (подобра) работа! Од 7. до 14. октомври ве чекаме на Регионален саем за вработување 2020
www.regionalensaemzavrabotuvanje.com

Сподели!
- Advertisement -