Вакцината против КОВИД-19 нема да го врати нормалниот живот напролет

- Advertisement -

Дури и ефeктивна вакцина против корона вирусот нема да го врати нормалниот живот напролет, предупредува група водечки научници. Вакцината многумина ја чекаат како некое чудо кое ќе стави крај на пандемијата. Но, извештајот кој го направија научници во рамките на Royal Society вели дека мора да биде реални за тоа што ќе може да постигне вакцината и кога.

Тие велат дека рестрикциите ќе мора постепено да се олабавуваат затоа што веројатно ќе помине уште максимум една година додека добиеме вакцина за корона вирусот. Во моментот научници во целиот свет развиваат повеќе од 200 вакцини. Тој процес се одвива со досега невидена брзина.

- Advertisement -

„Вакцината дава голема надеж за ставање крај на пандемијата, но ние знаеме дека историјата на развојот на вакцини е преполна со неуспешни обиди“ вели д-р Фиона Кали од Националниот институт за срце и бели дробови при Кралскиот колеџ во Лондон.

Има оптимизам дека некои луѓе ќе добијат вакцина уште годинава и дека масовната вакцинација може да почне идната година. Сепак, од Royal Society предупредуваат дека тоа ќе биде подолг процес.

- Advertisement -

Дури и кога вакцината би била достапна, тоа не значи дека за само еден месец сите ќе бидат вакцинирани. Збoруваме за шест месеци, девет месеци. Не постои шанса за враќање на животот во нормала до март идната година“, вели проф. Нилај Шах, шеф за хемиски инженеринг на Кралскиот колеџ.

(BBC)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -