Хрвати лансираа нов бренд на кафе со кое ги „напаѓаат“ Скандинавија, Холандија и САД

- Advertisement -

Ника Пинтар и Бруни Бален, основачите на хрватскиот стартап Cidrani, на пазарот го претставија брендот Никсен, инстант кафе во прав кое заменува 1,5 еспреса. Станува збор за стартап со визија секоја храна да ја претвори во суперхрана. Тимот засега има пет вработени и дваесетина надворешни соработници. Компанијата која постои од минатата година, во време на корона криза ги лансираше на пазарот своите први производи.

Никсен е wellbeing концепт за превенција на стрес, а инспирацијата ја црпиме од својот животен стил, секојдневното усовршување и учење за најновите трендови во светот на функционална храна, оптимизација на менталните перформанси и долговечност. Квалитетната храна на иднината ја гледаме како потребно гориво за да може веднаш да почне да делува, е во насока на остварување на својот најголем потенцијал. Поради тоа на европскиот пазар го донесуваме ова инстант кафе во прав. Она што го одвојува Niksen Cold Brew од другиет кафиња е што се растопува и во ладна вода, едноставно е за употреба и прилагодено на денешниот брз животен стил.

- Advertisement -

Кафето е на пазарот веќе два месеци и остваруваме месечен раст од 300%. До крајот на годината очекуваме присутност на повеќе од 200 локации во Хрватска“, објаснуваат Пинтар и Бален. Кафето е бленд од премиум кафе од Колумбија и Етиопија, а се полни во Хрватска.

Покрај кафето, во понудата на Никсен се и Nut-Hazel органскиот снек од лешници и Nootropicse како природен додаток во исхраната со комплексни формули кои се комбинација на екстракти од билки, витамини и минерали.

- Advertisement -

“Целта ни е да произведуваме 300.000 кафиња годишно, која планираме да ја постигнеме за една година. Ќе лансираме пет нови вкусови. Секако започнавме со пласман во Хрватска, но започнавме и со ширење во Европа со фокус на Холандија, Шведска и Финска со оглед на тоа дека тоа се држави со најголема годишна потрошувачка на кафе по глава на жител“, објаснуваат тие.

Планираат проширување на линијата со функционални производи на база на билни екстракти за силни когнитивни перформанси и внатрешна убавина во форма на напитоци на база на кафе кои воедно се и додатоци во исхраната. Иако стартот е со прехрамбени производи, оваа компанија сака да создаде оптимален и заокружен холистички концепт кој вклучува прехрана, движење, едукација и физички простори кои поттикнуваат креативност, неурогенеза и когнитивни перформанси.

Сподели!
- Advertisement -