Нов Зеланд го има најмоќниот пасош во светот

- Advertisement -

Пасошот на Нов Зеланд е најмоќниот пасош во светот според најновото рангирање на страницата Passport Index. Passport Index рангира 193 земји-членки на ОН врз основа на тоа колку дрги нации им даваат слободен пристап без виза или на посетителите им дозволуваат вадење виза про влез во земјата.

Нов Зеланд се најде на првото место со 129 земји кои им даваат слободен пристап на жителите. Веднаш после тоа се Германија, Австрија, Луксембург, Швајцарија, Ирска, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија, кои сите го делат второто место со 128 земји.

- Advertisement -

На трето место се Шведска, Белгија, Франција, Финска, Италија и Шпанија, а четвртото место го делат Обединетото Кралство, Холандија, Данска, Португалија, Литванија, Норвешка, Исланд и Канада. САД ги нема во топ 10. Тие се најдоа на 21. место заедно со Малезија и пасош со слободен влез во 52 земји и добивање виза по пристигнување во 40 дестинации.

Ова се топ 10 најмоќни пасоши во светот:

- Advertisement -
  1. Нов Зеланд
  2. Германија, Австрија, Луксембург, Швајцарија, Ирска, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија
  3. Шведска, Белгија, Франција, Финска, Италија и Шпанија
  4. Обединетото Кралство, Холандија, Данска, Португалија, Литванија, Норвешка, Исланд и Канада
  5. Малта, Словенија и Латвија
  6. Чешка Република, Естонија, Грција, Полска, Унгарија и Лихтенштајн
  7. Словачка
  8. Кипар, Хрватска и Монако
  9. Романија и Бугарија
  10. Сан Марино, Андора и Уругвај

На другиот крај на листата се топ 10 најслаби пасоши во светот:

  1. Авганистан и Ирак
  2. Сирија
  3. Сомалија
  4. Јемен
  5. Иран и Палестина
  6. Пакистан
  7. Мјанмар и Северна Кореја
  8. Етиопија, Либан, Либија, Непал и Еритреја
  9. Бангладеш и Јужан Судан
  10. Судан

- Advertisement -

Македонскиот пасош се наоѓа на 16. место со слободен влез без виза во 99 земји.

(The Independent)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -