Што се договорија Регулаторна комисија за енергетика и градежниците?

- Advertisement -

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски, заедно со комесарот Атанаско Тунески денеска присуствуваа на работен состанок со Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија.

Дополнување на Одобрението за градба со поле во кое задолжително ќе биде наведено точно на што ќе се грее секој нов објект што ќе се гради беше клучната тема на состанокот на кој соговорниците се осврнаа и на посеопфатно решение за предизвикот со затоплување преку мапирањето на градот.

- Advertisement -

Неопходно е точно да се знае секој нов објект на што ќе се грее за да се обезбеди предвидливост, сигурност и стабилност во испораката на енергенси.  Сите засегнати страни треба да имаат чиста состојба – граѓаните кои што купуваат нов недвижен имот: куќа, стан или деловен објект, но и самите операторите на дистрибутивната мрежа да знаат точно каде  да ги зајакнат инвестициите во мрежата за да ги сведат на минимум можните дефекти и да нема испади од системот. Приоритет ни е домаќинствата да добијат еколошки, економичен, ефикасен енергенс (природен гас),  а мотивот е на ефикасен и економичен начин да ги искористиме ресурсите со кои располагаме како држава за да се реши греењето на граѓаните. На овој начин ќе имаме однапред мапираните реони каде и на кој енергенс ќе се загреваат домовите и објектите. Во местата каде што има организиран систем на греење, новите градби ќе се приклучат кон овој систем, а доколку инвеститорот покаже дека има поефикасен систем како би го решил проблемот со греење, не е спорно тоа решение да го реализира што го дозволува и Законот за енергетска ефикасност согласно европските директиви.“ изјави Марко Бислимоски претседател на регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги во март годинава покрена иницијатива за измена на законот а градба во делот на Одобрението за градба, за таа цел испрати известување до Министерството за транспорт и врски заедно со предлог текст како да се извршат корекции во Предлог на закон за градење.

- Advertisement -

Во изминатиот период РКЕ донесе одлука со која за 37 % се намалува надоместокот за приклучување на системот за дистрибуција на топлинска енергија со цел  да се поттикне што поголем број на новоизградени објекти да се приклучуваат кон системот за дистрибуција на топлинска енергија.

Сподели!
- Advertisement -