Ако не можете да го почувствувате мирисот на овие две ароми, можеби сте заразени од корона вирусот

- Advertisement -

Веќе десетти месец новиот корона вирус предизвикува хаос ширум светот, а досегашните истражувања покажаа дека Ковид 19 се манифестира на многу бизарни начини.
Најновите истражувања покажуваат дека губењето на мирисот и вкусот се едни од главните и најпрепознатливо симптоми на таа болест, и тоа без течење на носот и воспаление.

Многу научници веруваат дека губењето на мирисот е еден од најраните знаци на заразата, но едно ново и важно истражување на индиските научници покажа дека заразените со ковид всушност не чувствуваат само одредени мириси. Научниците направиле мирисен тест на база на пет различни типови на ароми кои најчесто се користат во индиските домаќинствата: лук, пеперминт, кардамон, косово масло и коморач.

- Advertisement -

Аромите се ставани во цевчиња и спакувани во вреќички, а волонтери имале задача да забележат дали го чувствуваат мирисот на аромата во вреќичката или не. Во студијата учествувате 49 асимптоматски пациенти и 35 здрави волонтери.

Првата важна работа која се открила е дека пациентите со Ковид не го губат целосно чувството за мирис. 38,8% од испитаниците не можеле да препознаат една арома, 16% две, а само 4,1% сите пет ароми. Кај здравите волонтери дури 14% не можеле да почувствуваат една од петте ароми во вреќичките.

- Advertisement -

Кога биле споредени податоците, индиските научници ги изолирале двете ароми кои пациентите со Ковид не можеле да ги почувствуваат, а тоа се пеперминт и кокосово масло!

Авторите сметаат дека најновата студија би можела да помогне во препознавање на асимптоматските пациенти и веруваат дека овој тест може да се спроведе и дома.

- Advertisement -

(India Times)
Фото – Flicкr

Сподели!
- Advertisement -