Британски експерти предупредуваат дека заштитните маски не делуваат кога врне и треба почесто да се менуваат

- Advertisement -


Британски научници тврдат дека дождот го ограничува протокот на воздух и ја намалува способноста за филтрирање на воздухот низ заштитните маски. Тие сакаат британските власти за тоа да ја едуцираат јавноста и да се преземат подобри мерки во спречувањето на ширењето на заразата со новиот корона вирус.


Кога врне заштитните маски кои ги носиме имаат значително помала ефикасност затоа што водата која се собира на нив ја намалува нивната способност да ги филтрираат вирусите, предупредуваат британските научници. Влагата ги прави маските порозни, предупредува Тим Спектор, професорот кој ја води апликацијата Covid-19 Symptom Study. Спектор ги повикува граѓаните задолжително да ја заменат заштитната маска ако се навлажни. Во тој поглед, ниедна заштитна маска практично не е искучок.

- Advertisement -

Тој ја предупредува британската влада дека јавноста не е упатенa во тие ризици и дека би било корисно да се даде јасен совет на јавноста. Бидејќи е есен, британските метеоролози предвидуваат се повеќе дожд, па предупредувањето на Спектор е актуелно.

Бившиот висок функционер во Светската здравстена организација во програмата против рак и онколог Карол Сикора ги наведува сите ризици кај носењето маски во текот на дождовните периоди и исто како и професорот Спектор, смета дека јавноста нема никакви познавања или совети по тоа прашање.

- Advertisement -

Многу е битно да се знае дека треба да се менува маската ако малку се навлажни, а за маските не постојат некои други правила, истакнува Сикора. Предупредувањето важи и за маските кои се навлажнуваат од самиот здив.

И самата СЗО го поддржува предупредувањето на британските екпсерти и на Интернет истакнува дека маските би морале да се заменат ако се мокри или видливо валкани. Во Франција, каде што носењето маски е задолжително на отворено, граѓаните се советуваат да носат резервна маска со себе за да ја заменат ако врне.

- Advertisement -

(Daily Mail)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -