Два основни симптоми го разликуваат коронавирусот од обичниот грип

- Advertisement -

Со доаѓањето на сезоната на грипот, постои поголема загриженост кај луѓето во врска со тоа дали ќе можат да го разликуваат сезонскиот грип од коронавирусот. Проблемот е како да ги разликуваме симптомите на грип од симптомите на коронавирусот?

Здравствените експерти веќе подолго време ја предупредуваат јавноста на опасноста од спојување на сезонскиот грип со коронавирусот во текот на студените, есенски и зимски денови.вТие предупредуваат на тоа дека пандемијата Ковид-19 може да се стави под надзор пред грипот да почне да се шири меѓу популацијата. Во спротивно, тоа би можело да претставува преголем притисок на здравството.

- Advertisement -

Еден од начините на кој што може да се избегне тоа е препознавањето на двата клучни симптоми кои што го разликуваат Ковид-19 од грипот.

Станува збор за губењето на сетилото за вкус и диспнеа (непријатно чувство на губење на воздух).

- Advertisement -

Во британското истражување проучувани биле симптоми на 417 пациенти со благи и умерени симптоми на болеста Ковид-19, од кои 263 биле жени.

„Најчестите симптоми беа кашлање, болка во мускулите и губење на апетитот. Најчестите оториноларинголошки симптоми беа болка во лицето и опструкција на дишните патишта во носот“, се наведува во истражувањето. Истражувањето открило дека 85.6 до 88 отсто од пациентите пријавиле губење на сетилото за мирис и вкус.

- Advertisement -

И кај пациентите кои што имаат грип може да дојде до привремено губење на сетилото за мирис, но кај пациентите заразени со новиот коронавирус може да дојде до нагло и помоќно губење на сетилото за мирис и тоа може да доведе до неможност на разликување на кисело од благо.

Извор – Пословни дневник

Сподели!
- Advertisement -