Нова студија покажа дека корона вирусот и некои лекови за него поттикнуваат развој на карцином

- Advertisement -

Нова студија која уште не е објавена и не ги поминала научните рецензии открива дека новиот корона вирус, кодираните протеини и некои лекови кои се користат во борбата против инфекцијата на корона вирусот може да поттикнат активација на Капошиев сарком херпес-вирус (KSHV).

Научници од Институтот за рак Рокфелер и од Универзитетот на Арканзас направиле студија во која ги проучувале ефектите на вирусот САРС-Ков-2 на пациенти болни од рак и други заразни болести. Нивната студија е објавена на научниот сервер bioRxiv и чека научни рецензии и објавување во научно списание.

- Advertisement -

На пациентите со KSHV на подрачјата на кои КОВИД-19 активно се шири или кои примаат терапија против корона вирусот им се заканува зголемен ризик од развој на облик на рак поврзан со вирусите, дури и ако веќе закрепнале од КОВИД-19.

KSHV е деветти познат хуман херпес-вирус, а неговиот формален назив според Меѓународниот одбор за таксономија на вируси е HHV-8. Тоа е филогенетски стар човечки вирус кој коеволуирал со човечката популација. Чест е во делови на Јужна Америка, Медитеранот, Супсахарска Африка и во некои етнички заедници. Заразата со KSHV може да предизвика три облици на малигни тумори: ефусизки лимфом, Капошиев сарком и во некои случаи плазмабластичен облик на мултицентрична Кеселманова болест.

- Advertisement -

(News Medical)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -