Канада до крајот на 2021 година ќе ги забрани пластичните кеси, сламките и пластичните стапчиња

- Advertisement -

Канада до крајот на 2021 година планира да ја забрани употребата на пластични кеси, пластични сламки и пластични стапчиња за мешање, соопшти канадската влада која призна дека доцни на тоа поле во однос на остатокот од Европа.

Канада до крајот на 2021 година најпрвин планира да забрани шест пластични предмети за еднократна употреба кои се штетни за животната средина и тешко се рециклираат. Тие предмети ќе бидат пластични кеси, сламки, стапчиња, подлоги за чаши, пластични садови и прибор за јадење, изјави канадскиот министер за животна средина, Џонатан Вилкинсон.

- Advertisement -

„Признавам дека не сме анвангарда во светот на тоа пола. Така постапија многу европски земји, меѓу кои и Велика Британија и сигурно научивме нешто од нив“ изјави канадскиот министер.

Канаѓаните секоја година создаваат по 3 милиони тони пластичен отпад, од кои 15 милијарди кеси, наведе Вилкинсон и додаде дека само 9% од тој отпад може да се рециклира, а остатокот завршува на некои депонии или во природата.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -