Објавен список со 10 најопасни славни личности за пребарување на интернет

- Advertisement -

Од компанијата која се занимава со безбедносна заштита на оперативни системи McAfee за најопасна славна личност на интернет ја означија актерката Ана Кендрик. Имено, голем број линкови кои се појавуваат при пребарувањето за неа кријат злонамерен софтвер, вируси и други опасности.

Во текот на оваа пандемија луѓето беа заглавени дома и постојано пребаруваа по интернет, честопати пребарувајќи забавни содржини. Како што се зачестуваа тие навики, така сајбер криминалците ги засилуваа и сајбер заканите врзани за бесплатните содржини на интернет.

- Advertisement -

За да го спроведат истражувањето Most Dangerous Celebrities 2020 од McAfee истражувале познати личности со цел да откријат со кои имиња се поврзани најопасните резултати, односно резултатите за нив кријат најмногу потенцијално малициозни содржини за тие што пребаруваат.

Благодарение на нејзините последни филмски улоги актерката Ана Кендрик се најде на врвот на листата на McAfee годинава. Веројатно ја знаете Ана од нејзините улуги во филмови како „Twilight, „Pitch Perfect“ и „A Simple Favor.” глуми и во серијата на HBO Max, „Love Life”, како и во детскиот филм „Trolls World Tour.”

- Advertisement -

На листата со топ 10 најопасни славни личности се најдоа и: Шон Комбс, Блејк Лајвли, Мараја Кери, Џастин Тимберлејк, Тејлор Свифт, Џими Кимел, Џулија Робертс, Кејт Меккинон и Џејсон Деруло.

(McAfee)

Сподели!
- Advertisement -