Во Србија пристигна новиот лек против корона вирусот – „ремдесивир“

- Advertisement -

Новиот лек против корона вирусот „ремдесивир“ пристигна во Србија, а за пациентите ќе биде достапен од понеделник натаму, соопштија од Републичкиот завод за здравствено осигурување.

„Тоа е многу скап лек, кој се дава замо во одредена фаза од болеста и ќе се дава само со конзилијарна одлука“ велат од Заводот. Според нив, лекот ги има поминато сите процедури.

- Advertisement -

Поради епидемијата на корона вирусот и додека не се создаде соодветна вакцина против него, посебно е битно сите осетливи групи да примат вакцина против грип, но и против пневмококи.

Во Србија пристигнаа дополнителни количини вакцини против пневмококи, кои се особено битни за имунизација на луѓето постари од 65 години кои живеат во установи за сместување на стари лица, додаваат од Заводот.

- Advertisement -

Претседателот на САД, Доналд Трамп, меѓу другото, беше лекуван од корона вирусот со лекот „ремдесивир“. Овој лек го произведува компанијата Gilead Sciences Inc., а чини 390 долари по шишенце. Земјите во развој плаќаат 2.340 долари по пациент за петдневно лекување со лекот.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -