Првите дози од вакцината против корона вирусот може да стигнат во ЕУ најрано во декември

- Advertisement -

Можно е првите дози од вакцината против КОВИД-19 да стигнат уште на крајот на декември годинава. Оваа оптимистична вест ја објавија некои британски медиуми, кои тврдат дека е многу веројатно наскоро да почне вакцинирањето на луѓето со привремено одобрение за употреба.

Овие планови за наскоро вакцинирање се базираат на очекувањата дека вакцината која се развива на Оксфорд, чие испитување накратко беше стопирано поради нуспојави, сепак ќе има успешни резултати од испитувањата во третата фаза и де многу набрзо може да се добие привремено одобрение.

- Advertisement -

Ако тие информации се точни, тоа би значело дека во земјите на ЕУ првите дози од вакцината ќе стигнат на крајот на оваа или на почетокот на идната година. Се разбира, дотогаш вакцината мора да добие одобрение од Европската агенција за лекови, без чија дозвола ниту Британците не можат да ја користат вакцината до крајот на 2020 година.

Европската комисија со компанијата AstraZeneca, која со Универзитетот Оксфорд работи на вакцината наречена „Оксфордска“, договори испорака на 300 милиони дози по цена од 2,5 евра, со тоа што ЕУ на себе го презема надоместот на штета од можните нуспојави.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -