Најново истражување покажа дека корона вирусот може да преживее на банкнотите речиси еден месец

- Advertisement -

Организацијата за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот спроведе истражување во кое дојдоа до сознанија дека САРС-КоВ-2 вирусот може да преживее подолго на мазните површини и во ладни услови. Специфично, студијата откри дека новиот корона вирус може да преживее на банкноти, стакло и метал.

Тестирањата биле спроведени во лабораторија, што значи дека некои фактори, како ултравиолетовото природно зрачење на Сонцето не се пресметани. Студијата покажа дека новиот корона вирус може во воздухот и носен од ситни честички да преживее повеќе од три часа.

- Advertisement -

Истражувањето траело повеќе од еден месец, а научниците го анализирале нивото на преживување на новиот корона вирус во различни услови. Така, САРС-КоВ-2 во текот на тестирањето бил изложен на разни температури. Било откриено дека новиот корона вирус при температура од 40 степени Целзиусови може да преживее помалку од 16 часа на памучна површина и 24-48 часа на стаклена и метално површина, како и на винил.

Кога температурата се намалила на 30 степени, откриено е дека новиот корона вирус на памук може да преживее дури три дена, а на банкноти и над 21 ден. При температури под 20 степени откриено е дека вирусот на банкноти да преживее и до еден месец.

- Advertisement -

Податоците претставени во студијата покажуваат дека заразниот САРС-Ков-2 при амбиентална температура може да се пронајде на непропустливи површини најмалку 28 дена при амбиентална температура и влага (20 степени Целзиусови, 50% влажност на воздухот). Со зголемување на температурата при еднаква влажност на воздухот, преживувањето на вирусот драстично е намалено.

(Sputnik)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -