Кинескиот град Чингдао одлучи да ги тестира сите свои граѓани, вкупно 9 милиони, на КОВИД-19 во текот на пет дена, пишува ВВС. Тестирањето ќе се спроведе откако е потврдено дека има десетици позитивни случаи поврзани со локалната болница, каде што се лечат увезени пациенти.
Кина во мај годинава го тестираше целиот град Вухан, од каде што изби заразата. Кина во голема мера го стави корона вирусот под контрола, што е голем контраст со останатите делови од светот, каде што уште има голем број на заразени и карантини од различни степени.
Во изјава објавена на кинеската социјална мрежа Weibo здравствените власт на Чингдао истакнаа дека се откриени шест нови случаи и шест асимптоматски случаи, а сите се поврзани со истата болница. Кинеските власти сега имаат стрaтегија за масовно тестирање дури и кога жариштето на новиот корона вирус е релативно мало.
Како што истакнуваат властите на Чингдао, покрената е програмата за тестирање – пет окрузи ќе се тестираат во рок од три дена, а целиот град ќе се тестира в рок од пет дена. Околу 114.862 луѓе, вклучувајќи и медицински персонал и новохоспитализираните пациенти во градските болници – веќе се негативно тестирани на корона вирусот.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Pxhere)