Кина ќе подели дигитални пари во вредност од 1,5 милиони долари за потребите за тестирање на кинеската дигитална валута. За разлика од децентрализираните криптовалути како биткоин, Кина развива сопствена дигитална валута која ќе биде под контрола на банките и на државата.
За да го тестира новиот дигитален јуан Кина по случаен избор ќе додели 1,5 милиони јуани на кинески граѓани. Граѓаните кои ќе бидат избрани ќе добијат „црвен пакет“, од дигиталната валута во вредност од 30 долари, кои со помош на апликацијата Renminbi ќе можат да ги трошат во илјада продавници цо градот Шенжен. Идејата не е само тестирање на новата технологија, туку и зголемување на потрошувачката после кризата предизвикана од КОВИД-19.
Акцијата ја организира Народната банка на Кина, која почна со тестирање на дигиталните пари во април минатата година со пилот проект во кој учествуваа и американски компании како Mcdonald’s и Subway.
Експериментот е дел од напорите на Кина да стане прво општество во светот без физички пари, а идејата е дека дигиталните валути можат полесно да се контролираат отколку готовината или криптовалутите како биткоин.
Кинеските дигитални пари привлекоа внимание од други нации во регионот, па сега и јапонската Bank of Japan најави планови за почеток на тестирање на дигитални пари, но нема детали за тоа. Јапонскиот министер за финансии Таро Асо неодамна изјави дека е загрижен дека дигиталните пари може да станат закана за постојните глобални резерви на вистински пари.
(Vidi.hr)
(фото: Pixabay)