После големиот раст на бројот на нови случаи на заразени од корона вирусот, хрватскиот научен Владин совет одлучи што е можно побрзо да се воведе т.н. семафор на епидемијата и ќе се донесат бројни критериуми за нивото на сериозност на епидемијата (зелена, жолта, портокалова и црвена), како и список со мерки кои ќе следуваат кога ќе се достигне одредено ниво.
Траењето на самоизолацијата за контакти со заразени личности ќе биде исто со изолацијата на заразените луѓе, односно ќе се скрати од 14 на 10 дена, а и понатаму се кршат копја меѓу политичкиот и здравствениот сектор за тоа дали епидемиолози треба да ги ставаат во карантин заразените луѓе или тоа треба да остане обврска на заразените.
Тоа е дел од одлуките кои беа донесени вчера, откако бројот на заразени во Хрватска достигна околу 750 нови случаи, а што се однесува на семафорот, целта е, по примерот на повеќето земји од Европската унија, да се воведат што побрзо јасни критериуми за секоја боја од семафорот и мерки кои би следувале кога ќе се достигне таа боја. Најчесто користени критериуми се просечниот број на заразени на 100.000 жители во текот на 14 дена, потоа смртноста и уделот на позитивните случаи во вкупниот рој на тестирани.
Медицинските лице разговараат и за тоа дали треба самоизолацијата да биде скратена на 7 или 10 дена, но се смета дека 7 дена е премалку и дека после 10 дена ризикот за заразување од болните е прифатлив, односно дека најголем дел од луѓето кои ќе се разболат ќе развијат симптоми во период од 10 дена.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Pixabay)