Kои се најдобрите просветни работници за 2020

- Advertisement -

Професорите Штефица Ујчик од Куманово, Добри Јовевски од Крива Паланка, Марјан Радески од Охрид и педагогот Маринела Бошева од Скопје го добија признанието за најдобар просветен работник на годината за учебната 2019/2020 година.

Лидија Николовска-Георгиевска, претседателка на Сојузот на просветни работници истакна дека оваа награда се доделува традиционално секоја година, а ја добиваат наставници и други просветни работници кои имаат значаен придонес во образованието и воспитувањето на децата.

- Advertisement -

„Изборот на добитниците го прави Сојузот. Всушност самите просветни работници одлучуваат кому ќе го доделат признанието“, рече Николовска-Георгиевска.

Признанијата на просветните работници им ги врачи Министерката за образование и наука, Мила Царовска, која им порача и понатаму да останат високо мотивирани и креативни во нивната работа.

- Advertisement -

„Ви посакувам да бидете инспирација на уште многу генерации на млади и пример за колегите. Лично сум уверена дека имаме многу вакви наставници во државата. Со многу од нив и лично се сретнав и видов кај нив желба да придонесат кон градењето на квалитетен образовен систем и кон создавањето на генерации кои ќе гарантираат добра иднина за нашата држава“, рече Царовска на денешното доделување на признанијата.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -