Советот за национална безбедност на Белата куќа објави листа со технологии кои се сметаат за критични за националната безбедност на САД. Оваа информација ја објави Wall Street Journal повикувајќи се на извори од администрацијата.
Меѓу другото, на листата се наоѓаат и вештачката интелигенција, квантните компјутери, биотехнологијата, аеромоторната технологија, блокчеин технологијата и криптовалутите, технологии за спречување на оружје за масовно уништување итн. Покрај тоа, Советот ќе објави и извештај кој содржи насоки за владините агенции со цел да се спречи американските ривали, особено Кина, да ја набават таквата технологија од САД.
Списокот со 20 најкритични технологии за националната безбедност на САД ќе се ажурира секоја година, се вели во извештајот.
(B92)
(фото: Flickr)