Италијанскиот премиер Џузепе Конте на градоначалниците им додели овластувања кои им овозможуваат од 9 часто навечер да ги затвораат плоштадите со цел да се спречи собирање на поголем број граѓани. Сето тоа е во рамки на новите мерки за сузбивање на ширењето на КОВИД-19.
Италија беше првата европска земја која се најде на ударот на корона вирусот со вкупно 36.543 смртни случаи од избивањето на пандемијата во март годинава и според официјалните податоци, се наоѓа на второ место на црната листа, веднаш зад Велика Британија.
Властите уште летоска во најголем дел успеаја да го контролираат ширењето на заразата со строг двомесечн карантин, а вториот бран ги поттикна на воведување нови мерки, вклучувајќи задолжително носење маски во јавност и ограничување на јавните собири и на работата на рестораните.
Бројката на новозаразени и починати луѓе од корона вирусот сега е далеку помала октолку на врвот на пандемијата во март и април, кога бројот на смртни случаи најтешките денови надминуваше 900, пишува Reuters.
Сепак, покачувањето на бројот на заразени ја натера владата да воведе нови мерки со цел да се избегне општ карантин. Новите мерки вклучуваат затворање на обложувалниците од 9 часот навечер и стопирање на аматерските спортски натпревари и саемите, а владата после дополнителните проверки на безбедносните протоколи ќе размислува и за затворање на теретаните и на базените, најави Конте.
Во план е и послексибилно работење на државната управа, со засилено користење на технологија, а училиштата би требало да ја реорганизираат наставата за да се избегнат гужви во јавниот превоз. Рестораните и останатите угостителски објекти ќе останат отворени до полноќ, но после 6 часот попладне ќе послужуваат само гости кои седат.
Построги мерки веќе се воведени во некои региони со голем број заразени, како што е Кампанија, каде што училиштата беа затворени две недели.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Max Pixel)