-2.7 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

Европа е неодговорна кон природата – ЕУ нема да ги исполни целите за заштита на биодиверзитетот

Kabtel desktop

Неодржливото земјоделство, шумарството и ширењето на урбанизацијата го загрозуваат здравјето на животните и природните живеалишта во Европа, што значи дека Европската унија нема да ги исполни клучните цели за заштита на биодиверзитетот, соопшти Агенцијата за заштита на животната средина.

Во извештајот на Агенцијата се наведува дека најголем дел од заштитените живеалиптс и врсти во Европа имаат лош статус на чување. Целта на ЕУ била да се зголеми бројот на живеалишта и животински видови со добар и унапреден статус на чување за 100% и 50% во 2020 година во споредба со периодот од 2001 до 2006 година.

Меѓутоа, ЕУ оди кон тоа да ја промаши зацртаната цел за 12% кога станува збор за живеалиштата и за 2% кога станува збор за животинските видови. Унијарта не успеа да ја исполни ни целта за зголемување на бројот на врсти на птици со добар или унапреден статус на популацијата до 2020 година.

ЕУ заедно со земјите како Канада и Велика Британија се обидува да фати чекор пред глобалниот самит за биодиверзитет во Кина идната година во текот на кризата предизвикана од пандемијата. На самитот во Кина ќе учествуваат речиси 200 земји и ќе се преговара за новиот договор за заштита на животната средина.

Европската комисија во мај годинава го претстави планот за намалување на употребата на пестициди за 50% и органско обработување на земјата од 25% до 2030 година, а земјоделските групации сметаат дека тоа би можело да ги загрози посевите. Членките на ЕУ оваа недела ќе се обидат да постигнат договор за реформите кои би можеле да го направат земјоделството поеколошко.

(Beta)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •