Научници пронајдоа нов орган во грлото

- Advertisement -

Научници пронајдоа нов орган во грлото додека спроведувале истражување за ракот а простата. Претходно експертите мислеа дека постојат само микроскопски плункови жлезди во назофаринскот зад носот, но истражувачи од холандски институт за рак открија нов сет плункови жлезди со должина од околу 2 см.

Новооткриените жлезди се наречени тубарни плункови жлезди поради нивната положба над дел од рскавицата која се вика торус тубариус. При скенирањето PSMA PET-CT лекарите вбризгуваат радиоактивни трагачи во пациентите. Тие трагачи добро се врзуваат за протеинот PSMA, кој е покачен во клетките на карциномот на простата, а исто така се добри и во откривањето на ткивата на плунковите жлезди.

- Advertisement -

Истражувачите велат дека новооткриените жлезди веројатно се користат за подмачкување на горниот дел од грлото, зад носот и устата. За да го потврдат своето откритие научниците, предводени од онкологот Воутер Вогел, прегледале 100 пациенти и откриле дека сите ги имаат тие жлезди.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -