Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии. По потпишувањето на меморандумот, премерот Заев и потсекретарот Крач, се осврнаа на важноста од потпишувањето на овој меморандум, особено што земјава, како земја кандидат за членство во ЕУ, има обврска да ги усогласи националните политики за развој на електронските комуникации со политиките на ЕУ и со оние на САД.

Со меморандумотдвете земји ја потврдуваат својата желба да ја зајакнат соработката поврзана со спроведувањето на 5G технологијата која е во согласност со нашиот Национален оперативен бродбенд план, што го усвоивме минатата година како наш стратешки документ за новата ера на дигитализација на земјата.

- Advertisement -

„Имајќи ги предвид предностите на безжична комуникација од 5G генерацијата, овој меморандум за соработка е од витално значење за идниот просперитет на нашата земја од економски аспект, како и за националната безбедност. 5G ќе овозможи огромна низа нови апликации, вклучително и обезбедување клучни услуги за јавноста, што ќе им користат на нашите граѓани и на нашата економија. Зголемените количини на податоци дополнително ќе ги поврзат економиите во светот, вклучително и Северна Македонија и САД и ќе ги олеснат прекуграничните услуги и трговија“, изјави премиерот Заев.

Извор и фото – Влада на РС Македонија

Сподели!
- Advertisement -