-2.7 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

Започна продажбата на првиот флексибилен телевизор во светот

Kabtel desktop

Конечно е пуштен во продажба флексибилниот телевизор на јужнокорејската компанија LG. Во прашање е телевизор со ОЛЕД Р екран со дијагонала од 65 инчи.

Кога велиме флексибилен не мислиме на тоа дека има закривен екран. Овој телевизор може делумно да се вовлече во држачот, може да се прилагодува на различни размери на слика, а може и да се свитка во ролна кога нема да се користи.

Засега е во продажба во седум продавници во Јужна Кореја, а од LG тврдат дека ова е прв таков уред во светот, пренесува The Verge.

Како што може и да се очекува, цената му е астрономска – дури 73.400 евра.

(The Verge)

(фото: LG screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •