Microsoft на вработените ќе им дозволи трајно да работат од дома

- Advertisement -


Microsoft одлучи на своите вработени да им овозможи трајно да работат од дома, но оние кои ќе се одлучат на тоа ќе мора да се одречат од својот работен простор во просториите на гигантот, пишува The Verge.

Додека најголем дел од вработените во Microsoft работат од дома поради пандемијата на КОВИД-19, производителот на софтвер интерно претстави насоки за хибридно работно место, со цел да овозможат поголема флексибилност кога ќе се отворат американските канцеларии.

- Advertisement -

Во тој технолошки гигант на 30 јуни годинава имаше вкупно 163.000 луѓе, од кои 96.000 во САД. „Microsoft ќе им дозволи на вработените да работат од дома помалку од 50% од работната недела, а на менаџерите постојано да работат на далечина“ пишува The Verge.

Microsoft го прифати системот зачнат во секторот високи технологии како и Facebook, кој дозволува постојано работење од дома. Меѓутоа, вработените во Microsoft ќе мора да се одрекнат од својот работен простор, но ќе можат да користат простории за контакти во седиштето на компанијата.

- Advertisement -

„Пандемијата на КОВИД-19 не присили да размислуваме, да живееме и да работиме на нов начин. Но, некои работни места нема да можат постојано да работат од дома, како тие за кои е нужен пристап до лабораторија за истражување софтвер, центри за податоци или обуки на персоналот“ изјавија од Microsoft.

Канцелариите на Microsoft нема да бидат отворени пред јануари 2021 година.

- Advertisement -

(N1)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -