Илон Маск сака да направи мрежа од Starlink сателити на Марс

- Advertisement -

Како што се одвиваат работите наскоро Марс ќе стане планета на Илон Маск. Имено, американскиот претприемач Илон Маск не ги крие своите амбиции за освојување на Црвената планета. Покрај тоа што сака и сам да отпатува на Марс и таму да основа човечка колонија, планира и да го прошири своето влијание на таа планета.

Така тврди претседателката на компанијата на Маск, SpaceX, Гвине Шотвел. Таа во неодамнешно интервју за списанието Time откри дека целта им е мрежата од сателити Starlink, со која сакаат да овозможат сателитски Интернет на целата Земја, да го прошират и на Марс.

- Advertisement -

Кога ќе дојдат луѓето на Марс ќе им треба некаков начин за комуникација. Всушност, мислам дека таму ќе биде уште побитно да има констелација како Starlink, вели Шотвел. Но, таа е уверена дека тоа нема да биде доволно.

„Се разбира, мора да се поврзат двете планети, така што ќе мора да се погрижиме дека имаме робустна комуникациска врска меѓу Марс и Земјата. Не ја отпишуваме Земјата кога зборуваме за развивање на способноста на човештвото да основа живот на друга планета. Всушност, на човештвото му даваме нова шанса во случај на Земјата да се случи нешто непредвидено. Им даваме прилика да се преселат луѓето и да се спаси човештвото на друго место, на друга Земја“ додава Шотвел.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -