Европскиот парламент дозволи да се користи изразот „веге бургер“, но не и „веганско сирење“

- Advertisement -

Европскиот парламент вчера изгласа да им се дозволи на производителите на прехранбени производи без месо да продолжат да ги нарекуваат „колбаси“ и „хамбургери“ доколку сакаат, одбивајќи го предлогот за забрана на ваквите трговски практики.

Предложените измени и дополнувања беа направени по притисокот на лобито за месо и земјоделските здруженија, кои рекоа дека во спротивно, потрошувачите што јадат месо може да се збунат и да купуваат вегетаријански или вегански производи наместо производи од месо.

- Advertisement -

Генералниот секретар на европското земјоделско лоби Копа Когека, Пека Песонен, ги обвини производителите на храна без месо за „киднапирање“ на терминологијата од месната индустрија.

Сепак, Европскиот парламент ја продолжи забраната од 2017 година за именување на производи како „млеко“ или „сирење“ од растително потекло. Во иднина, ознаките за не-млечни производи може да не користат дури и изрази како што се „млечен вкус“, „стил на сирење“ или „млечна замена“. Исклучоци ќе бидат направени за путер од кикирики или млеко од кокос, имиња што се користат со децении.

- Advertisement -

Пазарот за вегетаријански и вегански производи е доста развиен изминативе години, поттикнат од грижа за благосостојбата на животните и загриженоста за климата и штетата врз животната средина предизвикана од месната и млечната индустрија.

Извор- Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -