Facebook ја стартува апликацијата за запознавање сродни души во 32 европски земји

- Advertisement -

Од Facebook објавија дека во среда ќе ја стартуваат својата апликација за запознавање сродни души во 32 европски земји, откако претходно нејзиното претставување беше одложено поради регулаторни проблеми.

Компанијата во февруар годинава го одложи стартувањето на Facebook Dating во Европа поради загриженоста која ја изрази ирската Комисија за заштита на податоци, која е главен регулатор во Европската унија за некои од најголемите технолошки компании во светот, меѓу кои и Facebook.

- Advertisement -

Од Комисијата исто така изразија голема загриженост затоа што добиле кратко известување пред стартувањето кое беше планирано за 13 февруари. Исто така, беше речено дека до Комисијата не била доставена документацја за проценката на влијанието на заштитата на податоци и процесот на носење одлуки од страна на Facebook.

Сега оттаму велат дека ќе продолжат да вршат надзор над сервисот за запозанвање кога ќе се појави во Европската унија и додадоа дека Facebook ги направил деталните промени кои биле проблематични за регулаторната комисија.

- Advertisement -

Facebook Dating е страница посветена на запознавање во рамките на апликацијата Facebook, која во САД беше претставена во септември минатата година, а сега е достапна и во 20 други земји.

Во објава на блог водителката на проектот, Кејт Орсет, напиша дека корисниците можат да избираат дали ќе направат профил за запознавање и да го избришат во кое било време, независно од профилот на Facebook.

- Advertisement -

Името и годините ќе бидат земени од профилот на Facebook и нема да може да се уредуваат на сервисот за запознавање, вели Орсет. Презимињата на корисниците нема да се прикажуваат и корисниците ќе можат да бираат дали на своите профили ќе споделуваат и други приватни информации.

(N1)

(фото: Facebook screenshot)

Сподели!
- Advertisement -