НАСА потврди дека на Месечината има вода

- Advertisement -

НАСА објави ново големо откритие во врска со Месечината – на површината на овој Земјин сателит е потврдено присуството на вода. Американската вселенска агенција ги сподели со светот резултатите од набљудувањето на Месечината од авион опремен со телескоп, чиј акорнимски назив е SOFIA (Stratospheric Observatory for Infrared Astronomy – стратосферска опсерваторија за инфрацрвена астрономија).

Од НАСА порачаа дека ова ново откритие оди во прилог на настојувањата на агенцијата да открива нови факти поврзани за Месечината, а кои се надоврзуваат на подлабински вселенски истражувања.

- Advertisement -

SOFIA е посебно преуреден „боинг 747“, кој лета над 99% од атмосферските облаци и чиј телескоп го набљудува инфрацрвениот спектар и може да забележи феномени кои поинаку не може да се откријат.

(CNET)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -