На денешната прес-конференција, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека и покрај економската криза предизвикана од пандемијата државата продолжува со поддршка на бизнисот и поддршка на компаниите коишто покрај се успеале да работат успешно во текот на претходната и во текот на оваа година.
– Кога го создадоме планот за економски раст пред 3 години, многу луѓе беа скептични дека овој план нема да даде резултати, нема да креира нови работни места, нема да имаат бенефит нашите компании, но нема да поттикне и раст на инвестициите – изјави министерот Бектеши.Можеби ќе ве интересира
Податоците во изминатите три години покажуваат дека со вакви планови, со ваква транспарентност, со ваква предвидност од компаниите, Владата успеале да поддржи над 240 компании. Особено е важно што компаниите се поддржани најмногу во зголемувањето на нивните капацитети, на создавање на нови работни места, а имајќи во предвид дека сме во пандемија, која создаде и економска криза, поради тоа е одлучено да ги поттикнат компаниите кои ќе имаат храброст и во тек на ковид-кризата, но и пост ковид-криза и во 2021 година да инвестираат со дополнителни 20 милиони евра.
– Што се однесува до уредбата ги информирам компаниите, дека е при крај евалуацијата на сите апликации и наредната недела ќе доставиме извештај од страна на комисијата од министерството за економија до Владата, а со тоа ќе продолжиме со потпишување и на нови договори за инвестиции кои ќе надминат 100 милиони евра во текот на оваа и следната година – вели министерот за економија.
Toj додаде дека Министерството за економија, во соработка кабинетите на вице-премиерот, на министерот за финансии и со премиерот, веќе се работи на изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, имајќи ги во предвид критериумите кои се моментално во тој Закон за да им се олесни на домашните компании за наредната година да можат да аплицираат, а секако да се олеснат и критериумите за намалувањето на бројот вработени, а секако и намалување на приходите кои се предвидени како критериуми за да можат да квалификуваат за аплицирање.