Објавени поразувачки резултати од истражување за носењето заштитни маски

- Advertisement -

И покрај отпорот кон носењето маски кај дел од луѓето, заштитните маски се еден од начините за борба против пандемијата и еден од чекорите со кои може да се стопира брзото ширење на заразата. Она што посебно се нагласува е фактот дека носењето маски не ги штити само луѓето што ги носат, туку и другите луѓе, посебно старите и луѓето со хронични заболувања.

Но, изгледа дека многумина со носењето маски не го штитат воопшто своето здравје. Проблемот е во одржувањето хигиена на маските. Имено, луѓето наместо да носат чисти и испрани маски, често носат валкани маски, на кои може да има многу вируси и бактерии.

- Advertisement -

Истражување спроведено во САД покажа дека ситуацијата со носењето маски е полоша отколку што се мислеше. Истражувањето го спроведе технолошката компанија Livinguard, специјализирана за производство на антимикробен текстил, кој се користи во пекарите и хигиенските производи наменети за понежниот пол.

Според резултатите од тоа истражување, речиси 80% од Американците не ги перат своите маски после употреба, 43% ги перат еднаш неделно, а 8% не ги перат воопшто. Што се однесува на еднократните заштитни маски, за 68% од испитаниците тие не се еднократни, туку ги носат повеќе пати.

- Advertisement -

Влажната ткаенина може да биде легло за бактерии и на неа може да соберат вируси, па одржувањето на хигиената на маската е од голема важност. Слично како што треба да се менува облеката после вежбање, истото треба да се направи и со маските после носење. Односно тие треба да се исперат.

Со оглед на тоа дека ќе мора да носиме маски уште неодредено време, затоа што врвот на пандемијата допрва доаѓа, а се повеќе време ќе поминуваме во затворени простории, секако мора да се придржуваме до советите за често менување, односно перење. Во спротивно, не само што нема да не заштитат од новиот корона вирус, туку мооже и да имаме проблеми со други вируси и бактерии.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -