Се укинува роамингот во Западен Балкан од 2021 година

- Advertisement -

Во регионот на Западен Балкан целосно ќе биде укинат роамингот на 1 јули 2021 година, беше потврдено на отворањето на третиот Дигитален самит Западен Балкан, чиј домаќин годинава е Тирана.

Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу, на отворањето на онлајн-самитот, кој се одржува до 28 октомври, истакна дека со историскиот договор од Белград во 2019 година почна фазното укинување на роамингот, кое ќе биде завршено на 1 јули 2021 година, како и дека третиот чекор е биде намалување на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ.

- Advertisement -

„Подготовките за третиот чекор веќе се покренати и активностите ќе бидат претставени за време на наредниот дигитален самит“ истакна Брегу.

Таа вели дека забрзаната дигитализација треба да придонесе за интеграција на земјите од Западен Балкан и дека на Самитот на лидери на ЕУ и Западен Балкан во Софија, кој ќе се одржи на 10 ноември во рамките на Берлинскиот процес, ќе биде потврдена идејата за единствен пазар заснован на слобода на протокот на луѓе, стока, капитал и услуги. Целта е да се создадат нови можности за раст на компаниите и отворање на нови работни места.

- Advertisement -

Брегу наведува и дека регионот се соочува со нови предизвици после пандемијата на КОВИД-19 и дека затоа дигиталната агенда е една од главните за разво во новосоздадените услови.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Youth Networks)

Сподели!
- Advertisement -