Огласување во вселената – џиновски огласи на небото над нашата Земја

- Advertisement -

Истражувачите Шамир Биктимиров, Глен Белуџ и Дмитриј Притикиннобјавија научен труд во кој опишуваат систем од сателитска констелација кој еден ден ќе може да се користи за прикажување реклами на небото од вселената. Во својата студија научниците ја опишуваат економската исплатливост на тој систем предвидените трошоци за поставување на Џамбо плакати во земјината орбита.

Според нивната идеја, би било потребно да се воспостави констелација од 50 мали сателити кои со помош на огледала ќе ја рефлектираат сончевата светлина кон Земјата и ќе аранжирање се во разни форми за да формираат логотипови или поедноставна графика. .

- Advertisement -

Научниците веруваат дека таквото огласување би било посебно интересно за вселенските стартапи, чии реклами би имале буквално глобална покриеност. Лансирањето и поставувањето на 50 сателити во констелација за огласување би чинело околу 65 милиони долари.

Идејата за огласување од вселената не е нова затоа што според некои непотврдени информации, и Илон Маск минатата година бил во преговори со една компанија која била заинтересирана за проектирање огласи од вселената.

- Advertisement -

Оваа студија укажува на тоа дека приходите од една огласувачка кампања со 20-ина огласи би биле околу 110 милиони долари. Според спортскиот канал ESPN, некои огласувачи за оглас на годинашното Супер бол плаќале по 7 милиони долари, што значи не би им било проблем да платат исто толку за вселенски оглас.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -