Австриски инфектолог тврди дека порано или подоцна, сите ќе се заразиме со КОВИД-19

- Advertisement -

Инфектологот Франц Алербергер смета дека корона вирусот е побезопасен отколку што се мислеше пред девет месеци и дека нема да исчезне сам по себе. Тој предупреди на заострување на ситуацијата во текот на зимата. Според него, порано или подоцна сите ќе се заразиме со корона вирусот, но истакнува дека станува збор за многу побезопасна болест отколку што се мислеше пред десет месеци.

Овој вирус ќе ни остане. Секој од нас порано или подоцна ќе има корона, освен ако пред тоа не умре. Се обложувам дека нема да има лек, затоа што лекови против вируси може да се избројат на прстите на една рака“, порача Алербергер.

- Advertisement -

Директорот на Одделението за јавно здравство и безбедност на исхрана очекува дека вакцината против корона вирусот ќе биде на располагање најрано од јули идната година.

Алербергер вели дека корона вриусот е побезопасен отколку што се стравуваше пред десет месеци, кога се сметаше дека смртноста на заразените е 30%. Тој се повика на студијата на Универзитетот Стенфорд, според која смртноста е 0,23%.

- Advertisement -

Истовремено, предупредува дека 90% од Австријците може да заболат и не смее да се потцени уделот на луѓето постари од 65 години, затоа што кај нив смртноста е поголема отколку кај сезонскиот грип.

Алербергер предупреди и на заострување на ситуацијата во текот на зимата ако имаме 4.000 или 5.000 новозаразени дневно, мора да сметаме дека со тоа медицинските капацитети ќе бидат на граници, дека ќе има смртни случаи во домовите за стари лица, а политичарите изложени на масовен притисок. Не можеме, во принцип, да спречиме поединечни смртни случаи, но можеме да го забавиме текот на настаните, вели Алербергер, додавајќи дека врвот на пандемијата на КОВИД-19 се очекува во декември или јануари следната година.

- Advertisement -

(Al Jazeera)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -