Четири тренд производи кои ќе ви го олеснат животот и ќе ви го разубават домот

- Advertisement -

Во нашето секојдневие, сѐ повеќе забележуваме како „мултитаскерите“ ја преземаат сцената. Од повеќенаменските технички уреди и парчиња мебел кои успешно ни заштедуваат време и простор до сојузниците на убавината што ефективно го прават пократок нашиот период поминат пред огледалото.

Особено не радува кога мултифункционалните производи освен што ни заштедуваат време и пари, изгледаат и естетски привлечни. Издвоивме четири must-have производи кои освен што ќе ни го олеснат животот, ќе го направат нашиот дом поубав и поудобен.

- Advertisement -

Повеќенаменска маса како можност за импресивен естетски впечаток

Масата како еден од основните мебели можеме да го најдеме во најразлични облици и варијанти. На повеќенаменската маса најчесто ја додаваме и нивната економичност и мултифункционалност. Овие работни маси се дизајнирани за да содржат полици кои за секунда се претвараат во мали масички за јадење, работни маси за лаптоп и канцелариска опрема или минијатурни тоалетни маси, зависно од нашата потеба. Но, поради можноста за расклопување, тие не мора да изгледаат како да излегле од филмот Трансформери. Имено, естетската компонента поради мултифункционалност никогаш не треба да биде нарушена. Така, во понудата можеме да најдеме повеќенаменски елегантни маси, кои со своите визуелни елементи, како што се формата, бојата и геометријата, претставуваат вистински ремек дела. Во зависнот од модерниот стил и личниот вкус може да се комбинираат со високо-технолошки израз, во романтичен дух на фанцуската Provanse или пак доколку сте љубители на едноставност, во минималистички стил. Така, повеќенаменската маса денес станува must have парче од мебелот, кое ќе го збогати и направи попрактичен секој простор.

- Advertisement -

Дифузер за чист воздух и wellness атмосфера

Дифузерот како уред во чиј што ја работен опис му е прочистување на воздухот, освежување на мирисот во просторијата, помагање при настинки и бркање на инсектите, секако спаѓа во категоријата на неопходни мултитаскери во нашиот дом. Покрај тоа што се мултифункционални, дифузерите сега се наоѓаат во разни видови и екстремно естетски привлечни дизајни. Без разлика дали се работи за електричен дифузер или дифузер со свеќа, метал или терокота, различниот избор на дифузери ни овозможуваат да го вклопиме овој паметен мултитаскер совршено во било кој простор. Дополнителен бонус е тоа што некои дифузери имаат и можност да емитираат бои, што и дава посебна wellness атмосфера на просторијата во која се наоѓа.

- Advertisement -

Телевизор кој се вклопува со вашиот простор и потребите

Брзиот начин на живот има несомнено влијание и врз нашите навики. Поголемиот дел од нашето време и комуникација ги прилагодуваме на мобилните екрани. Но, колку пати сме посакале екранот на нашиот мобилен телефон да биде поголем и звукот да биде појасен затоа што на мобилниот телефон ја има „таа важна презентација од работа“ или следната епизода од нашата омилена серија. Samsung на овој проблем ефикасно скокна со новиот Samsung The Sero телевизор. Samsung The Sero телевизорот, покрај можностите да го пресликуваме нашиот телефон на брз и едноставен начин, нуди можност за ротирање хоризонтално и вертикално и лесно да се движите од една во друга просторија со помош на Sero тркалцата. Овој lifestyle телевизор исто така може да се пофали со својот елегантен дизајн и трендовски режим за портрет кој му овозможува на телевизорот да стане дел од дизајнерскиот мебел. Имено, овој интелигентен мултитаскер во својот Амбиентален режим како камелеон ја анализира текстурата и бојата на ѕидот и го прилагодува екранот кој совршено одговара на околината. Кога мислите дека телевизорот не може да биде пософистициран, Samsung The Sero повторно нѐ изненадува. Имено, тој доаѓа со all-in-one штанд за кој не ни треба дополнителен мебел.

Огледало како сталажа за накит

Без разлика на тоа дали имаме простран стан или студио, сите сакаме да заштедиме малку простор и да го направиме нашиот дом поорганизиран. Иако сме познати по кревети на извлекување кои содржат фиоки за складирање, сепак има неистражени мултифункционални парчиња мебел што можат да ни го олеснат животот  да ни го направат поедноставен. Едно од нив е огледало кое содржи таен ормар за складирање. Овој производ е идеален за складирање на ситници, а ние ве советуваме да го чувате накитот, кој многу често ни создава проблеми во складирањето и организацијата. На полиците што се кријат зад огледалото, накитот секогаш ќе биде на видливо место, складиран и организиран и никогаш нема да се изгуби. Ова решение е идеално за бањи, но исто така може да биде добро интегриран во ходникот и спалната соба. Дополнителен плус е тоа што покрај неговата функционалност, доколку е правилно вграден, може и просторот да го направи визуелно поголем.

Сподели!
- Advertisement -